Адвокатското друштво Софрониевска и Поленак е ориентирано кон корпоративното право и граѓанските области на правото, во рамки на кои обезбедува правна помош на клиентите во вид на давање на совети, правни мислења и застапување при:
- подготовка и склучување на договори,
- трговско право,
- основање, статусни и други промени на трговски друштва,
- заштита на странски инвестиции и домашни инвестиции во странство,
- кредитни работи, банкарско право, финансиски институции,
- правна помош од областа на работните односи,
- правна помош во областа на градежништвото,
- застапување пред сите судски, управни и административни органи и институции,
- управување со недвижности и др.
За потребите на нашите клиенти Адвокатското друштво соработува и обезбедува услуги на сертифицирани стручни преводи од скоро сите странски јазици, како и услуги на лиценцирани вештаци, проценители и ревизори.
Адвокатското друштво соработува со повеќе адвокатски канцеларии и друштва од регионот и Европа, позиционирани во Лондон, Атина, Солун, Белград, Загреб, Сарево, Љубљана, Подгорица, Тирана, Приштина.