Адвокатското друштво Софрониевска и Поленак е формирано во 2012 година со здружување на адвокатските канцеларии на Адвокат Емилија Поленак и Адвокат Ана Софрониевска, кои претходно самостојно ја обавуваа адвокатската дејност повеќе од 12 години. Адвокатското друштво Софрониевска и Поленак претставува продолжение на долгогодишната претходна соработка на неговите основачи – партнери, како и споделувањето на заедничка визија за начинот на практикување на адвокатурата во Република Македонија според современите стандарди и практики.

Водечката идеа на основачите на Адвокатското друштво е пружање на правни услуги на правни и физички лица раководејќи се од принципите на висока стручност, професионалност и етичност, водејќи сметка за специфичните потреби на секој клиент посебно и почитувајќи ја неговата дискреција.

Во пресрет на потребите на клиентите, Адвокатското друштво располага со стручен тим и технички можности за брза и ефикасна комуникација со своите клиенти, како предуслов за сеопфатно согледување на нивните потреби и одговарање на нивните барања на начин кој најдобро ќе ги заштити нивните права и интереси во секој поединечен случај. Според потребите и барањата на клиентите, комуникацијата и пружањето на услуги може да се одвива и на некој од странските јазици, особено Англискиот и Грчкиот јазик за кои канцеларијата обезбедува и овластени судски преводи.